Самсоненко: Останувам да изградам стадион за ФК Вардар

ФК Вардар денеска на прес конференција реагираше на високите цени од ЈПССДП за користење на националната арена Филип Втори за домашните и меѓународните натпревари кои се движат и до 40 000 евра по натпревар што според раководството на црвено-црните е најскапо во екс-ју просторите па и на Балканот.
Сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко во својата изјава се извини на „добрите луѓе“ како што рече за својата емотивна изјава од пред месец дена кога рече дека си оди од брендот Вардар и потврди пред бројните новинари дека останува во нашиот најтофеен клуб. Проблемот на Вардар може да се реши со изградба на сопствен стадион за што веќе проструија информации во јавноста:
„Точно е дека сакаме да изградиме наш стадион во Карпош и доставивме документи до општината. Верувајте информациите кои допреа до јавноста не се од Вардар туку од општината. Што да правиме, македонска работа...“се пошегува Самсоненко чив следен чекор е очигледно да го изгради долго очекуваниот стадион на Вардар.
Што се однесува до црвено-црниот бренд рускиот бизнисмен ја даде следната изјава:
„Не сакам да заминам од Вардар. Без под притисок поради невистинитите информации кои ги пласираа дел од медиумите. Јас немам направено ништо лошо, се пишува тендециозно, со некаква намера. Ќе останам во клубот и во добро и во лошо. Ќе помоагам колку што можам на трите на клуба“.
.be
Ново на Сител
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
