„Самсунг“ воведува софистицирана „Галакси АИ“ технологија
Технолошкиот гигант „Самсунг“ официјално потврди дека технологијата „Галакси АИ“ ќе биде дел од следната генерација „Самсунг“ телефони со преклоп.
Станува збор за претстојните модели со вештачка интелигенција - „Галакси Зет Фолд-6“ и „Зет Флип-6“, коишто се очекуваат на почетокот на јули. „Самсунг“, меѓу другото, цели кон мобилен телефон со „хибриден ВИ-пристап“ за којшто верува дека е „најпрактично и најсигурно решение“ за потребите на корисниците. Официјалниот претставник на јужнокорејската компанија, Вон-Џун Чој на својот блог објави дека имаат намера натамошно оптимизирање на искуството со претстојните преклопни телефони со ВИ.
„Нашите преклопни уреди се најразновидни и најфлексибилни во семејството 'Самсунг галакси', а кога се комбинираат со технологијата 'Галакси АИ', се отклучуваат нови можности“, напиша Чој.
„Хибридот“ би се состоел од обезбедување „рамнотежа меѓу моментна реакција и дополнително осигурување на приватноста“ на корисниците со помош на ВИ, како и вештачкоинтелигентна разновидност на технологијата заснована на тн. облак за потребни за секојдневниот живот. Чои очекува дека идните уреди ќе имаат и сѐ повеќе функции на ВИ, благодарение и на брзиот напредок во областа на невронската обработка.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци