Сана Марин, нов премиер на Финска
Социјалдемократската партија, што предводи коалициска влада од пет партии, ја избра министерката за транспорт Сана Марин за нов премиер на Финска и таа ќе стане најмладиот премиер на земјата.
Марин (34) ќе ја преземе функцијата во следната недела по оставката на Анти Рине. Таа ќе биде третата жена што ќе ја води финската влада.
Рине поднесе оставка откако коалициската Централна партија објави дека ја изгубила довербата во него, поради серија штрајкови.
– Многу работи чекаат да ја обновиме довербата. Имаме заедничка програма за владата која ја одржува заедно коалицијата, изиајви Марин пред новинарите по гласањето од страна на партиското раководство.
Друг кандидат за премиер беше Анти Линтман, шеф на парламентарната група на Социјалдемократската партија.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива