-->
-->
„Сандеј тајмс“: Се распаѓа Владата на Тереза Меј, ја напуштаат уште четири министри?
-->

Четворица британски министри кои го поддржуваат останувањето на Велика Британија во Европската Унија, поради Брегзит се блиску до одлука да ја напуштат Владата на премиерката Тереза Меј, пишува „Сандеј тајмс“.
Весникот пренесува дека Европската Унија го одби планот на Меј да се воспостави независен механизам кој би го надгледувал излезот на Британија од кој било облик на привремен договор за царини.
Приврзаниците на Брегзит во Конзервативната партија инсистираат на тоа дека Британија мора да го задржи надзорот кога ќе го напушти царинскиот договор во моментот кога ќе премине во нови трговски односи со ЕУ.
Сепак, како што пишува весникот, ЕУ ќе инсистира на тоа сите одлуки да ги надгледува Европскиот суд за правда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
