Сaнкционирани 207 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар соопшти дека со Општина Центар и во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 19 септември до вчера со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, како што посочуваат, отстранети биле 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани биле 119 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, ЈП ПОЦ и СВР Скопје, во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Ново на Сител
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Муцунски: Честитки за Радев - очекуваме соработка
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
