Санкционирани 310 лица кои управувале возила без дозвола во тетовско-гостиварското подрачје
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски денеска информираше дека 310 лица кои управувале возила без положен возачки испит биле откриени и соодветно санкционирани од полицијата во тетовско-гостиварското подрачје за првите два месеци од оваа година.
Според полициските податоци во текот на минатата година на истото подрачје откриени биле вкупно 1092 лица што управувале возило без возачка дозвола.
- Поради воочената појава дека освен автомобили, поединци без возачка дозвола управуваат и такси комбиња со кои вршат јавен превоз на патници со што ја доведуваат во прашање не само сопствената туку и безбедноста на другите учесници или на патниците кои ги превезуваат полицајците од СВР Тетово и во следниот период ќе продолжат со постојаните контролни и други активности за ефикасно справување со „дивите“ возачи со цел тие навреме да се откријат и отстранат од сообраќај, изјави Јосифовски.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување возило без дозвола е казниво со глоба што изнесува 300 евра во денарска противвредност. Покрај за лицето кое ќе биде затекнато да управува без дозвола глоба од 400 евра предвидена е и за сопственикот на возилото што му го дал на користење.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети