-->
-->
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-->

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот полициски службеници од СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден спроведоа зајакната акциска контрола на целата територија во нивна надлежност, при што санкционирани се вкупно 549 возачи, од кои 187 се за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти МВР, изречени се и 36 санкции за управување возила без возачка дозвола, додека останатите мерки се однесуваат на прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.
-Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
