Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва го одликуваше кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особени заслуги во медицината, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина.
Сиљановска Давкова, порача дека академик Сашко Кедев е човек, чијшто персонален и општествен интегритет ги надминуваат границите на потесната стручна област и се интегрирааат во колективната меморија на државата и општеството. Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елементи од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
