СДК: Истражителите за „Беса Транс“ и пасошите за светски криминалци тргнати од Обвинителството
Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата во која бил регистриран автобусот на „Беса Транс“, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса Транс“ се тргнати од истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, објави Сакам да кажам.мк.
Од истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани за кои има пресуда. На нивно место се ангажирани нови истражители.
На прашањето на СДК.мк шефот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Ислам Абази одговорил дека на овие избрани истражители мандатите од една година плус двете години можност да останат во истражниот центар им завршиле на 7. февруари годинава. Тие веќе се вратени на своите работни места во МВР што им биле во мирување. Станува збор за четворица истражители од МВР и еден од финансовата полиција.
Истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да бори осум припадници на МВР, тројца од Управата за финансиска полиција, еден од Царинската управа, четворица јавнообвинителски службеници, двајца јавнообвинителски референти записничари и еден преведувач од македонски на албански.
Ново на Сител
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
