Македонија
25. February 2022 - 10:54

СДСМ: Дали Левица, коалицискиот парнтер на Мицкоски, ја поддржува руската агресија?

Додека македонското општество, сите политички субјекти ја осудуваат руската агресија врз Украина, раководството на политичката партија Левица навива за што повеќе жртви во воената агресија.

Пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов и други членови на раководството на партијата со објави на социјалните мрежи го слават военото насилство во Украина.

Дали партијата Левица коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува руската агресија врз Украина?

Ваквите ставови на Левица се спротивни на државните и националните интереси и меѓународното позиционирање на Република Северна Македонија.

Со ова уште еднаш се потврдува дека партнерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата Левица е антизападна структура која работи на штета на државниот интерес. 

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ