СДСМ: Димитриевски продава и Димитриевски купува државно земјиште

Максим Димитриевски кандидатот за градоначалник на Куманово додека ја извршува функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште.
Општина Куманово извршила продажба на над 26 хектари атрактивно државно неизградено земјиште на локацијата „Живкова карпа“.
Документи од катастарот за недвижнини покажуваат дека Максим Димитриевски купил 9.961 метар квадратен во местото „Црвенки“, државно неизградено земјиште.
Продажбата на ова земјиште по цена од едно евро по метар квадратен ја извршила Општина Куманово, што значи градоначалникот Димитриевски продава, градоначалникот Димитриевски купува државно земјиште.
Покрај Димитриевски парцела од иста квадратура на оваа локација купил и Бојан Јордановски, син на вработена во општината и директорот на основното училиште „Толи Зордумис“.
Но тука сомневањата за злоупотреби не завршуваат. Деталниот урбанистички план за оваа локација предвидува урбанизација и нова викенд населба.
Па така, земјиштето купено по едно евро за квадрат по урбанизацијата и по делењето на помали парцели, за некое време може да вреди и 50 евра за метар квадратен. Односно за вложени 10.000 евра, да се заработат и 500.000 евра.
Премногу детали укажуваат дека купувањето на државно земјиште од страна на Димитриевски не е случајно.
Затоа ги повикуваме надлежните институции да покренат соодветна постапка и да го истражат овој случај.
Почитувани,
Секојдневно јавноста го гледа вистинското лице на Максим Димитриевски кој лажно се претставува како социјалдемократ.
Кумановци не може никој да ги излаже и затоа во недела повторно ќе го одберат „Најдоброто“ и ќе гласаат за број 12 за кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски.
Куманово останува бастионот на СДСМ.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
