СДСМ: Големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани со неговиот Менкиновски
На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев.
Тоа што Мицкоски рипна да го одбрани Камчев, покажува дека очигледно големи се неговите хипотеки кон Орце.
Му го додели Тони Менконоски, близок соработник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство.
За целиот тој процес, Мицкоски, Менкиновски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот.
Самиот Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот Империја и против Законот за Јавно обвинителство.
И покрај тоа што Камчев е осомничен во предмет каде што пари од касата на ВМРО-ДПМНЕ се одлевале за Никола Груевски да купи плацеви на Водно, Мицкоски упорно го брани.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, не си ги бара парите 1,3 милиони евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев.
На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии.
Докажаниот губитник Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови.
Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара и одговара пред законите.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден