СДСМ: Граѓаните нема да му дозволат на Мицкоски да ги врати во изолација
За Христијан Мицкоски членството на Македонија во НАТО било погрешна насока. За него единствена вистинска насока е изолацијата, враќање кон црното минато и сопствениот бизнис со хидроцентралите.
Осамен, заробен во сопствениот мрак, тажи во кабинетот на неговиот ментор Никола Груевски, во скапоцениот дворец, симбол за криминал, деструкции и црнила.
Македонија го доби своето место во НАТО а Мицкоски тажи по Груевски.
Очигледно тагата по Груевски направила Мицкоски да има изгубено чувство за реалност.
Откако 11 години ја уништија економијата заради криминалмни интереси, а државата ја турнаа во изолација, денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират дека Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја враќа државата на вистинскиот пат кон членство во НАТО и ЕУ.
Јасна е разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС