СДСМ и ДУИ во интензивни преговори – нова Влада пред 20 септември
СДСМ и ДУИ интензивно разговараат за формирање на новата Влада. Од партијата преку писмено соопштение јавија дека новата владина програма мора да биде во согласност со програмите на СДСМ и ДУИ.
„ Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ.
Неопходни ни се квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор.“ – стои во писменото соопштение на СДСМ
За формирање на нова Влада велат дека разговараат и во ВМРО-ДПМНЕ но не откриваат детали.
ВМРО-ДПМНЕ нема да открива детали, во интерес на преговорите кои се водат за формирање на новата Влада рече на денешната прес конференција Партискиот портпарол Димче Арсовски повторувајќи го ставот кој партијата го лиферува во последните неколку дена.
„ Во моментов остануваме на она што го кажавме во вчерашниот ден, дека доколку има нови детали ќе излеземе во јавност транспарентно и ќе кажеме што се разговарало и со кого се разговарало. Работиме на обезбедување на мнозинство во Собранието, во однос на средбите со албанските партии во моментот кога ќе треба да се реализираат ќе ја известиме јавноста, не би навлегувал во детали“ – изјави Арсовски
Согласно Уставот рокот во кој Пендаровски треба да му го додели мандатот на новиот мандатар истекува во петок. Потоа тече рокот од 20 дена за формирање на Влада. Штом го добие предлогот од новиот мандатар Собранието има рок од 15 дена да закаже седница. Доколку се испочитуваат сите рокови, новата Влада би требало да биде во функција најдоцна до 20 септември.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар