СДСМ: Исправена неправда кон 12.000 граѓани, решен уште еден проблем со пензии оставен од ВМРО-ДПМНЕ
Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава проблемите настанати поради криминалните и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ.
На околу 12.000 граѓани-осигуреници од уплатените придонеси воопшто не се распределувале средства во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа.
Со тоа директно им се скратува правото да остварат својата пензија во целост.
По откривањето на овој скандал, владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика презедоа мерки за решавање на проблемот и исправање на неправдата кон овие лица.
Обезбедени се 19 милиони евра со коишто на околу 12.000 граѓани ќе им бидат префрлени средствата што со години не биле уплаќани во вториот пензиски столб.
Со тоа, се исправа неправдата кон граѓаните на кои им биле скратени парите за пензиите.
Надлежните правосудни институции сега треба да го процесираат случајот и согласно законите да одредат кој се треба да понесе одговорност за овој скандал.
Владата предводена од СДСМ и сите останати институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари и поквалитетен живот за сите граѓани, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на прием кај Бајден
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир