СДСМ: Извештајот на Стејт Департментот ги нотира напорите на Владата во борбата против корупцијата и криминалот
Крајно несоодветно е кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ зборува за правда, за слободи на медиуми и меѓународен кредибилитет на државата, кога токму оваа партија по однос на овие прашања со години ја држеше земјата на дното на сите извештаи на меѓународни институции и организации.
Извештајот на Стејт Департментот како и оној на ГРЕКО, ја нотира подготвеноста и напорите на Владата предводена од СДСМ за градење на независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата.
Во извештајот на Стејт Депарментот е наведено дека Владата на Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години.
Стејт Департментот во својот извештај нагласува дека извештајот на Европската комисија забележал позитивни случувања, вклучително и усвојување на нов Закон за Јавно обвинителство и подобрување на земјата во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Понатаму, во извештајот е наведено и дека Европската комисија заклучила дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво.
Ниту една извртен факт пласиран од белиот дворец нема да го засени успешниот Извештај од Стејт Департментот, нема да го засени успехот што Македонија го прави на полето на независноста на судството и борбата против секаков вид криминал и корупција.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар