СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на законот за одбрана

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митровски денеска ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека го блокираат носењето на законот за одбрана на, како што рече, крајно лицемерен начин и на штета на државата и членството во НАТО.
Претходно, пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираше дека поднела измени на Законот за одбрана, но без членот што се однесува на промена на името на Армијата.
Според Митровски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните на Република Македонија.
– Со своето однесување ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот на државата и го става под ризик нашето членство во НАТО и создава ризик да испровоцира ново вето од Грција, обвини координаторот на пратеничката група на СДСМ.
Лицемерно е, додава тој, на Мицкоски и на пратениците да им пречи името Република Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, а да не им пречи кога во Европската народна партија се партија од Република Македонија.
Митровски ги повика пратениците од опозициската партија да го поддржат законот за одбрана и да ги прекинат, како што кажа, политиканските лицемерни игри.
– Уставното име на нашата држава е Република Македонија. Преспанскиот договор и уставните измени се клучен елемент во процесот на нашето зачленување во НАТО, без Договорот нема НАТО, тврди Митровски.
Ново на Сител
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
