СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се кадри на Груевски, нивната матрица е режимска
Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е управувана од Будимпешта и се уште е заглавена во режимската, груевстичка матрица.
Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра, е олицетворение за погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството кога цели 11 години кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците.
Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“. Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурноста на граѓаните.
Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето на сиромашните, стечајците и пензионерите.
Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување, а потоа покажа дека воопшто не знае како функционира работата на Министерството за труд и социјална политика.
Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска со години шири лажни вести на прес конференции од белиот дворец, а учествуваше и на партиските протести пред судот кога бранеше криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе!
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје