Македонија
4. March 2023 - 9:06

СДСМ: Ковачевски ги заштити граѓаните

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на голема, глобална економска криза ги заштити граѓаните и не дозволи никој да профитира на грбот на народот.

Цената за векна бел и полубел леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.

Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска.

Истовремено е укината субвенционираната електрична енергија за пекарниците, која ја добија лани во ноември, со која требаше да ги намалат цените на своите производи за 10-15 отсто.

Засилените контроли во сите градови низ државата продолжуваат и понатаму. Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профитирање на поединци на штета на граѓаните.

СДСМ застана во одбрана на стандардот на граѓаните и нема да дозволи никој да го осиромашува народот заради лично богатење.

 

Центар за комуникации на СДСМ