СДСМ: Македонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација
Македонската борба денес е борба за европска иднина на државата, за интеграција во ЕУ, како аманет на претходните генерации револуционери и одговорност и должност кон младите, идните генрации.
Со СДСМ државата ги реализира стратешките цели. Од независноста во 1991-та година, преку членството во ООН во 1993 година до кандидатски статус за ЕУ во 2005 година. Во 2016-та година беше урнат режимот и повторно обновена демократијата, за во 2020-та година државата да стана членка на НАТО и две години подоцна да ги започне преговорите за членство во ЕУ, по 17 чекање со заштитен и обезбеден македонски јазик, идентитет, култура и посебност.
Македонската борба продолжува како политичката борба за подобра, европска иднина државата и на сите граѓани, а не за изолација и стагнација, што го нудат лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.
Нивната понуда е блокада на европскиот пат, изолација и неизвесност, економомско назадување, иселување на младите.
Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови.
Европскиот фронт предводен од СДСМ ја продолжува борбата за европска иднина, за подобар живот за сите граѓани, до полноправно членство во ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
