СДСМ: Мицкоски е на спротивната страна од државните интереси
Како што не се израдува за приемот, така не честиташе за една година членство во НАТО, Мицкоски е на спротивната страна од државните интереси
Република Македонија одбележа една година од полноправното членство во НАТО.
Со членството во НАТО реализиравме една од двете приоритетни стратешки цели поставен уште на Денот на независноста.
Денес, нашата држава е рамноправен член на најмоќниот воено-безбедносен сојуз.
Исто како што пред една година не честиташе за приемот во НАТО, така Христијан Мицкоски не честиташе ниту за една година од членството на Македонија во НАТО.
Мицкоски немаше сила ниту да аплаудира во Собранието кога беше ратификуван влезот во НАТО, немаше сила ниту вчера да ја честита првата годишнина од членството.
Мицкоски е на спротивната страна од државните и националните интереси, тој е антизападен антиевропски политичар, единствен на браникот на криминалот, кој сака државата да ја врати во режим и изолација.
Граѓаните тоа одамна го знаат, затоа и шест пати го казнуваат на избори, затоа тој уште долго ќе биде опозиција
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи