СДСМ: Мицкоски коалицира со Села, кој велеше дека Македонците се варвари и канибали
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за овие локални избори е понуда на стари, препознаени кадри блиски до Никола Груевски.
Ништо ново нема во ВМРО-ДПМНЕ исти, истрошени кадри кои во времето на режимот биле носители на државни функции, денес Мицкоски ги претставува како нови лица и на тој начин ги потценува граѓаните. Со таква понуда, со таков однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да очекуваат сигурен пораз на локалните избори.
Тоа му е јасно и на самиот Мицкоски, затоа денес соочен со стравот од поразот, коалицира со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“.
Од немај каде Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“, со Села кого сопартијците на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ на 27 април го нападнаа во Собранието и му нанесоа тешки телесни повреди.
Тие луѓе кои се обидоа да убијат пратеници меѓу кои и Села, Мицкоски до ден денес ги нарекува „уставобранители и чесни луѓе“.
Коалицијата Мицкоски, Села, Гаши е принудна и вештачка и како таква, осудена е на пропаст и нов пораз на изборите. Граѓаните многу добро знаат како овие тројца политичари функционираа во изминативе години и затоа одново ќе ги казнат и ќе им испорачаат нов изборен пораз. Граѓаните, масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ и коалицијата кој обезбедува напредок и развој на државата и општините“, велат од СДСМ.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
