СДСМ: Мицкоски нема познавања и зборува невистини, ЕСМ продава вишоци струја на најповолниот понудувач
Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза.
Тој нема познавања од енергетика и лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.
Мицкоски ги извршува фактите и лажно претставува податоци во услови на глобална енергетска криза.
Освен невистинити обвинувања и критики, јавноста од поранешниот советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски не слушна никаков предлог, никаква идеја во интерес на граѓаните и стопанството.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд