СДСМ: Мицкоски уште еднаш покажа дека е против ЕУ
Во време кога земјава успешно го спроведува скрининг процесот да се бара оставка од вицепремиерот за европски прашања е уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ.
Оваа изјава на Мицкоски доаѓа само еден ден по јасните пораки од САД за силната поддршка на нашиот европски пат.
Ако некој треба да се соочи со одговорност тоа е Мицкоски поради тоа што во заложништво на Левица е најголемиот кочничар на европската иднина на земјата.
Мицкоски треба да понесе одговорност за постојаните блокади на европскиот пат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ беше и против започнување на преговорите со Европската унија, за што заедно до Левица организираа и насилни протести пред Собранието.
Ширеа хистерија и лаги дека ќе сме се асимилирале а потоа не гласаа ниту за Договорот со Фронтекст со кој го обезбедивме македонскиот јазик во ЕУ.
Мицкоски одлучи ВМОР-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат на државата.
Заклучокот е јасен, Мицкоски и Апасиев заедно работат против европската иднина на државата.
Дополнително, со лаги и манипулации Мицкоски и Апасиев водат хајка и против изградба на стратешкиот проект со коридорите 8 и 10д.
Законските измени со европско знаменце заштедуваат 150 милиони евра на граѓаните и 2 години помал рок на изведба а важат не само за коридорите 8 и 10д туку и за проекти финансирани од ЕУ.
Едноставно е, Мицкоски е против ЕУ, Мицкоски е против напредокот на земјата воопшто.
Ново на Сител
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
