СДСМ: На Груевски веќе не му веруваат ниту во сопствената партија

СДСМ оценува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски глуми загриженост со денешната изјава за состојбата на економијата во државата, затоа што, како што наведуваат во реакција, ја презадолжил државата.
Според СДСМ, на Груевски веќе не му веруваат ниту во сопствената партија.
- Лицемерно и очајнички е Никола Груевски, човекот што ја презадолжи државата за остварување на сопствени лукративни интереси, денес да глуми загриженост за состојбата во економијата. Лицемерно и очајнички е човекот што договараше и земаше милиони провизии за автопатите, денеска да зборува за нивната изградба. Токму затоа, на Груевски веќе одамна никој не му верува, а повеќе не му веруваат ниту во сопствената партија, наведува СДСМ во реакција на изјавата на Груевски.
Владата предводена од СДСМ, додава, ја унапредува инфраструктурата и ги санира милионските штети на автопатите што се директна последица на неспособноста на претходната Влада и на криминалните апетити на Груевски. - Преку одговорното работење на Владата, државата се раздолжува, а парите на граѓаните наместо за барок, палми, тркала и споменици, се користат за поголема минимална плата, повисоки пензии, за помош за стечајците и за зголемена финансиска поддршка на домашните претпријатија, се посочува во реакцијата.
Според СДСМ, завршило времето кога Груевски, како што наведуваат, преку лажни вести и празни обвинувања можел да ги лаже и манипулира граѓаните.
- Граѓаните секојдневно сведочат за разликата помеѓу криминалното и деструктивно работење на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и отчетното, чесно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ. Разликата секојдневно е се поочигледна и затоа денес Груевски е во опозиција и токму затоа убедливо ќе ги загуби и претстојните локални избори, стои во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
-

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
