СДСМ: Најголемите лаги на Мицкоски се искажани во 2022 година, затоа никој не му верува

Цела 2022 година Христијан Мицкоски шири лаги во јавноста, изнесува манипулации и конструкции затоа никој не му верува.
Меѓу најголемите лаги на Мицкоски е дека ВМРО-ДПМНЕ не била во коалиција со Данела Арсовска.
Факт е дека таа беше нивен кандидат за градоначалник, дека токму Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ бараа поддршка од граѓаните за Арсовска, факт е дека таа победата ја славеше во Белиот дворец. Коалицијата Мицкоски – Арсовска – Левица и натаму функционира. Кавгите меѓу Арсовска и Мицкоски биле само заради тендери.
Во својство на шпицен градоначалник, Мицкоски најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за јавен превоз во Скопје и отворање на фабрика за производство на електрични автобуси, која ќе вработи минимум 500 луѓе.
Не само што нема 100 нови електрични автобуси, туку и тие што ги има веќе не возат, ја нема ниту фабриката за автобуси.
Мицкоски го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација. Лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ.
Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик.
Најголемите лаги на Мицкоски се искажани во 2022 година, се што кажа – излажа, затоа никој не му верува.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
