СДСМ најуспешна во Диво Насеље: Гласовите купени со наводните „снимки“ и селфијата врз крвта на загинатите полицајци
Тесна победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на ниво на втората изборна единица, е уште потесна на СДСМ на ниво на општина Куманово. Социјалдемократскиот сојуз на предвремените парламентарни избори во Куманово освои 22 216 гласа наспроти 20 677 на ВМРО-ДПМНЕ, анализира ТВ НОВА.
Во споредба со предвремените парламентарни и претседателски избори од 2014 ВМРО-ДПМНЕ освои 210 гласа повеќе додека противничкиот табор – СДСМ успа да го зголеми изборното конто за неверојатни 7 058 гласа. Највидливи се разликите во урбаните албански заедници како што е Тоде Мендол или т.н. Диво Насеље.
Во населбата која што стана позната по немилите настани од 9 мај 2015, претходно изборно упориште на ДУИ овој пат убедлива победа оствари Социјалдемократскиот сојуз.
Во Тоде Мендол се гласаше на 15 избирачки места од бр. 1031 до 1042/ 1.
ВМРО-ДПМНЕ и тука ја задржала базата на гласачи во 2014 освоила 852 гласа на последните избори 809 што е помалку за 43 гласа. Социјалдемократскиот сојуз од 690 гласа во 2014 скокнал на 1424 придобивајќи 734 гласа. За сметка на тоа ДУИ загубила 935 од 1720 гласа во 2014 на 7885 во 2016.
Новина е БЕСА со 1177 гласа.
СДСМ не се прослави само во Диво Насеље. Победи и во Сарај, Арачиново, Брест, Чаир. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат стабилна предност во однос на СДСМ кои што на овие избори во голем дел, околу 70 000, ги надоместил со поддршката од албанското гласачко тело.
Во коалицијата за подобра Македонија се убедени дека гласовите се резултат на додворувањето на Албанците со ветувањата за поголеми права и национална употреба на албанскиот јазик. Меѓутоа и со бомбастичните најави дека во случај да победи СДСМ ќе ја обелодени вистината за случувањата во Диво Насеље. Претходно лидерот на СДСМ побара мерката притвор да не се користи селективно и дел од притворените меѓу кои и обвинетите за тероризам во Диво Насеље да бидат ослободени, а ден по немилите настани во 2015 заедно со техничкиот министер за внатрешни работи насмеани се фотографираа со жители од Тоде Мендол. Во дводневните борби животите ги загубија 8 македонски полицајци, а 42 беа повредени. На најголем дел од куќите не се забележува трага од случувањата и се реновирани со средства од донации и пред се учество на владата на РМ.
Ново на Сител
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет