СДСМ: Наместо да шират лажни вести за Договорот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го кажат ставот за референдумот
Наместо да шират лажни вести за Договорот ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат дали ќе учествуваат на референдумот во недела.
Залудни се бесмислените обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет.
Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат, дали сакаат да влезат во ЕУ и НАТО како Македонци или ќе останат сами и изолирани во одбрана на криминалот?
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да измислуваат и поголеми лаги, но за среќа тие не се оние кои одлучуваат.
Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е јасно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември.
Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток