СДСМ: Наставата треба да продолжи заради децата, СОНК да го продолжи дијалогот
Сите мораме да се водиме од интересот на учениците.
Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици.
Наставата мора да продолжи да се одвива непречено, особено поради фактот што зад нас имавме две училишни години во падемија кога учениците следеа онлајн или комбинирана настава.
Владата предводена од СДСМ покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.
Тоа се гледа преку зголемените плати кои за четири и пол години ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари, како и преку сериозните инвестиции во подобрување на условите за работа на наставниот кадар.
За четири и пол години изградивме и реконструиравме над 80 училишта, а за 2022 година предвидени се над една милијарда денари за капитални проекти во образованието.
И оваа година следува раст на платите во образованието, тоа ќе го постигнеме низ дијалог со Синдикатите и сите засегнати страни.
Затоа, апелираме СОНК да го продолжи дијалогот, наставата да продолжи, ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.
Да не дозволиме наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура и полагањето на стручен испит на петстотини наставници.
СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
