СДСМ: Наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците.
Но, најважниот интерес на учениците е да се обезбеди континуитет на наставата, особено сега после пандемијата.
Наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место, а преку дијалог да се изнајде издржливо решение.
Токму преку дијалог изминатите 4 години, СДСМ платите во образованието и детската заштита ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари.
Наставник во основно образование добива повисока месечна плата за над 3.200 денари, додека воспитувачките во градинките имаат плати повисоки за над 6.000 денари, споредено со периодот од пред 4 и пол години, односно во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај растот на платите, инвестиравме и во нови работни места. Во овој период во градинките се вработени над 1.000 воспитувачки, негувателки, помошен персонал, а нивните договори ги трансформиравме на неопределено време.
СДСМ континуирано покажува дека го цени и вреднува трудот на наставниот кадар. Со Законот за наставници и стручни соработници, закон кој ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира, обезбедуваме трансформација на работните односи за околу 4.700 наставници и стручни соработници во основно и средно образование.
Ако се усвоше овој Закон, сега платите на наставниците ќе беа зголемени и 4.700 наставници и стручни соработници ќе добиеја економска сигурност на работните места.
Сите овие политики се донесени низ дијалог со синдикатите, работниците и надлежните институции.
Така и ќе продолжиме, низ дијалог ќе најдеме решение кое е во интерес на наставниците, учениците и нивните родители.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
-

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“
-

Рама: Воздушниот простор за време на самитот на НАТО ќе биде заштитен со супер интелигентни дронови произведени во Албанија
-

Мигранти се обиделе да влезат и во шпанската енклава Мелиља
