СДСМ: Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена
И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила. Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.
И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување. Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%. Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока.
Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.
Наместо погрешни и промашени политики со кошнички власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите. Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица