СДСМ: Одговорност ќе има, после 20 години за прв пат се расчистува ваков случај на Онкологија
После 20 години, за прв пат се спроведува една ваква обемна акција на Онкологија, се расчистува грозен криминален случај и тоа од надлежни институции и Влада предводена од СДСМ.
Сите институции ја имаат нашата силна поддршка за целосно разрешување и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад.
Секој криминал има свое име и презиме и одговорност на сите инволвирани ќе има. Никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден.
Повикуваме да не се прави сензационализам и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, да не заборавиме дека најголем дел од медицинските лица се извонредни, чесни и професионални кадри кои се грижат за здравјето на нашите граѓани.
Политизација и злоупотреба на случајот е недозволива, треба институциите да се поддржат што поскоро да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата.
СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите