СДСМ: Oрце Ѓорѓиевски е дел од проблемот во Скопје, граѓаните не ги интересираат кавгите во ДПМНЕ
Орце Ѓорѓиевски е дел од проблемот во Скопје, граѓаните не ги интересираат кавгите во ДПМНЕ туку чекаат резултати
Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија.
Тоа што Скопје е претворено во огромна депонија и што се дави во ѓубре одговорноста е кај сите градоначалници на ДПМНЕ коишто не работат ништо.
Кавгите помеѓу градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката Арсовска која со поддршка на ДПМНЕ е на позицијата, не ги интересираат скопјани.
Што имаат граѓаните од тоа што Ѓорѓиевски се каел за поддршката на Арсовска?
Граѓаните на Скопје очекуваат работа и резултати кои никаде ги нема.
Орце Ѓорѓиевски и Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје.
Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со Орце Ѓорѓиевски го вратија Скопје назад за 60 години
Центар за комуникации со јавноста- СДСМ
Ново на Сител
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор