СДСМ: Палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата
Палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но граѓаните не дозволуваат омразата и гневот на поединци да и наштетат на државата и нејзините интереси.
Република Македонија ја победи омразата, стави крај на поделбите и одбра да оди напред како модерна, демократска држава и како општество еднакво за сите.
Граѓаните на Македонија поддржаа политики на пријателство и соработка преку кои се решаваат проблемите и отворените прашања на државата, а благодарение на таа поддршка и тие политики Македонија наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Палењето фотографии е антидемократски чин, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ.
Реакција на СДСМ
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци