СДСМ: Парламентарното мнозинство ќе ги исполни дадените ветувања за повисок животен стандард
Јавноста ги препозна лицемерието, деструкцијата и блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ кое очајно се обидува да го блокира спроведувањето на зацртаните реформи за кои гласаше мнозинството граѓани, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО ДПМНЕ.
- Додека Данев обвинува за блокади, токму тој и неговите партиски колеги во Собранието на секаков начин се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието и собраниските тела преку формирањето десет пратенички групи во Собранието, преку лицемерното поднесување на седумстотини амандмани за буџет, се вели во реакцијата на СДСМ.
Од партијата на власт порачуваат дека парламентарното мнозинство ќе ги исполни дадените ветувања за повисок животен стандард, нови работни места и професионални институции.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место