СДСМ: Петтиот пакет обезбедува плати за февруари и март за 60.000 вработени и бескаматни кредити во вредност од 10 милиони евра

СДСМ и со петтиот пакет економски мерки продолжува со спас на работните места и градење на стабилна, развојна економија, што треба да обезбеди враќање на претходните стапки на економски раст меѓу четири и пет отсто.
Првата мерка од петтиот пакет е финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година во вредност од 1 милијарда 920 милиони денари, со која ќе бидат опфатени 60.000 вработени.
Поддршката и овој пат ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.
Како алтернатива на оваа мерка, на компаниите им стои на располагање и мерката број два односно кредити со 0% камати преку Развојната банка на Македонија за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи, како и за самостојните вршители на дејност и за приватните здравствени установи.
Во зависност од вкупниот обем на работа и зголемената добивка, компаниите ќе имаат можност да добијат скалесто неповратен дел од 30% до 50% од кредитот, а за реализација на оваа мерка предвидени се 615 милиони денари, односно 10 милиони евра.
Со финансиската поддршка за исплата на плати во претходните пакети, се спасени стотици илјади работни места и им се помогна на илјадници домашни претпријатија.
СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, за компаниите, посветена на поддршка на домашната економија.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
