СДСМ: Правдата е тука и ќе ја има се повеќе и се почесто

Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто, а почести ќе бидат и одговорите на институциите, како оној за обезбедување на присуство на Сашо Мијалков, кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.
Преку силен одговор на државата, бегалецот Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде. Обезбеден е неговиот притвор.
Ова не значи и ослободување од одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен за органите и очекуваме брза и ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кои довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти.
Со овој случај падна во вода единствената улога на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен, му пропаднаа лажните обвинувања за „политички монтирани процеси“, исто како што не му успеа ниту блокирањето на Законот за Јавно обвинителство и преземање на предметите од СЈО.
Јасно е, Мицкоски во заложништво ја држи целата партија единствено за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите други сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред надлежните судови.
Сега патот на правдата е чист, правда има и ќе ја има се почесто, секој ќе понесе одговорност!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
-

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти
-

Во Штип минатиот месец во три наврати се заловувани кучиња скитници, граѓаните може да пријавуваат во Општината
-

Откако констатирала смрт, екипа на Итна помош добила закани на Бит Пазар
-

Мицкоски: Не се исклучува можноста количината на запленета марихуана да достигне 100 тони
-

Приведен 29-годишник од демиркаписко, се заканувал кон сопругата и го нападнал својот татко со тврд предмет
