СДСМ предлага намалување на патните трошоци за пратениците
Пратеничката група на СДСМ поднесе инцијатива за намалување на патните трошоци на пратениците, информираше координаторот Томислав Тунтев на денешниот брифинг со новинарите. Како што рече Тунтев, со нивната иницијатива се предлага патните трошоци од 30% од цената на изминат литар бензин, да се намали на 15%. За таа цел, потребно е менување на законот за плати на именувани функционери и законот за пратеници.
“Како што ветивме ја поднесуваме оваа иницијатива и сакаме по неа да се развие дискусија, да се вклучи и опозицијата. Решението кое го предлагаме ќе биде со цел да се стави крај на манипулациите и шпекулациите во јавноста. Претседателот Талат Џафери го има предлогот, уште на 1 декември, но досега се нема изјаснето ниту една пратеничка група” рече Тунтев.
Ново на Сител
-
Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
Во Сплит пристигнува Џенаро Гатузо како нов тренер на Хајдук
-
Почина кошаркарската легенда Џери Вест
-
Бугарски турист загинал на албанските Алпи, властите апелираат на внимателност
-
Охрид: Четворица мажи оштетиле угостителски објект и полициско возило
-
Се преврте трактор во Виничко: Возачот тешко повреден
-
Татко си ги нападнал двете ќерки, мајка им викнала полиција
-
Уапсени белградски макроа, едниот ја принудувал својата девојка на проституција