СДСМ: Преку трите линии обезбедени 44,1 милиони евра бескаматни кредити за над 4.000 компании
Владата предводена од СДСМ останува посветена на поддршка и помош на компаниите со цел спас на работните места и одржување на ликвидноста.
Бескаматните кредити наменети за мали и микро компании, за трговци поединци и занаетчии се дел од механизмите за поддршка на стопанството.
Токму трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојна банка на Македонија обезбедуваат средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, кои даваат поддршка на над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица.
Каматната стапка на кредитите е 0 отсто и грејс период од 6 до 12 месеци, кој за Ковид 1 се пролонгира за дополнителни три месеци.
Истовремено, откако владејачкото мнозинство од СДСМ стави крај на деструкциите на опозицијата во Собранието и беа усвоени потребните законски измени, деновиве кај граѓаните пристига финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.00 работни места и истата е во вредност од 1 милијарда и 920 милиони денари.
Финансиската поддршка ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа колкав пад на приходи имала компанијата во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021, споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020.
Врвен приоритет на Владата и парламентарното мнозинство од СДСМ останува поддршката за работниците и домашната економија.
СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки и политики што обезбедуваат помош и поддршка за граѓаните и стопанството и обезбедуваат услови за ревитализирање на македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст.
СДСМ
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година