-->
-->
СДСМ: Професорот Мицкоски не знае да пресмета, велеше струјата ќе се покачи за 40 отст
-->
Со месеци Христијан Мицкоски ја лажеше јавноста и ширеше страв и паника меѓу граѓаните дека цената на струјата ќе се покачи за 40 отсто, предвидуваше рестрикции и апокалиптични сценарија.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се распрснаа, цената на струјата, под притисок на светската енергетска криза, се покачи, но за 9,48 отсто и нема рестрикции.
Но, се виде дека професорот Мицкоски не знае да пресмета - 40 отсто и 9,48 отсто не е исто. 9,48 отсто е четири пати помалку од 40 отсто.
Ама тој знае да пресмета 100 отсто, колку што ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми цената на струјата за време на нивното владеење, период кога Мицкоски беше директор на АД ЕЛЕМ и советник за енергетика на криминалецот во бегство Никола Груевски.
Во истиот тој период и без енергетска криза беше укината дневната евтина тарифа на електричната енергија, а ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се противеше на нејзиното враќање.
Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ немаше инвестиции во енергетски капацитети, туку неразумни и непродуктивни инвестиции во стиропор, палми и жални врби.
Додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за справување со енергетската криза, со активирање на сите расположливи капацитети и обезбедување помош за ранливите категории за плаќање на сметките за струја, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски опструираат, блокираат и шират невистини.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
