СДСМ: Реализирано ветувањето за дневната евтина тарифа, повеќе пари во семејните буџети

Домаќинствата од денеска може да користат евтина тарифа на струјата секој ден од 14-16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник. Ова значи пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети. Со ова, како што потенцираат од СДСМ, е реализирано уште едно од ветувањата од Програмата за живот.
- Граѓаните ги ползуваат придобивките од одговорното, отчетно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ којашто за неколку месеци оствари клучни ветувања од Програмата за живот со што се решија долгогодишни проблеми на различни категории граѓани и се обезбедија повеќе пари за домаќинствата, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата потсетуваат дека е укината и радиодифузната такса со што, велат, дополнително се намалуваат трошоците за живот и остануваат повеќе пари кај граѓаните.
Најавуваат дека Владата предводена од СДСМ ќе продолжи со одговорно, домаќинско и транспарентно работење што треба да обезбеди можности за сите и повеќе пари кај граѓаните.
- По заокружувањето на промените на локалните избори, таквиот пристап во работата продолжува и на локално ниво кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе работат одговорно и во интерес на сите граѓани, истакнуваат од партијата.
Ново на Сител
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
