СДСМ: Седум факти за незаконскиот долг од 400 илјади евра на ВМРО-ДПМНЕ

Факт број еден: ВМРО-ДПМНЕ има долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори.
Факт број два: Сметката за изборната кампања е затворена и со тоа долгот веќе не може да се подмири.
Факт број три: Со тоа е прекршен членот 1 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.
Факт број четири: Одговорен за финансирањето и потписник на сметката е Игор Јанушев, тоа го укажа и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска.
Факт број пет: Христијан Мицкоски со денови молчи и не бара одговорност од неговиот генерален секретар Јанушев.
Факт број шест: Со таквото однесување Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.
Факт број седум: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата е навикната на деструкција, блокади и незаконско работење и нема намера да излезе од таа матрица.
Казната за таквото однесување стигнува на 12 април кога граѓаните одново ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
