СДСМ: Со кредитната линија Ковид 3 обезбедена помош за 2.122 мали и микро компании
![]()
СДСМ продолжува да реализира мерки и политики кои помагаат на сите граѓани и компании погодени со кризата, ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.
Во тек е реализацијата на бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
Досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра.
Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.
Во овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени.
Бескаматната кредитна линија Ковид 3 е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку овој механизам добиваат поддршка во зајакнување на ликвидноста и зголемување на конкурентноста во време на санирање на последиците од коронакризата.
Продолжуваме со вистинска, навремена грижа за домашната економија, за спас на работните места.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
