СДСМ: Со задолжителното пензионирање на 64 години се отвораат нови можности за вработување на младите
Пратеничката група на СДСМ во процедура го достави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.
Заедно со овој Предлог-закон, доставен е и Предлог законот за измена на Законот за администрација, со што целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор.
Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст.
Со цел да се обезбеди одреден преоден период, сите оние што до 31 август 2020 година поднеле барање за продолжување на договорот за вработување, предвидуваме нивниот договор да важи до истекот на времето за кое е предложен, односно до исполнување на рокот даден со претходното барање.
СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?