СДСМ: Вината за неработењето на Југохром треба да ја сноси власта
Вината зошто Југохром толку долго време го загадуваше воздухот, но и зошто работниците од Југохром и покрај се останаа без работа, треба да ја сноси власта и никој друг, обвини денеска Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина на СДСМ и член на Извршниот одбор на СДСМПечките на Југохром се изгаснати.
- Правејќи се дека решава еден проблем, власта успеа да направи нов. 720 вработени сега се во неизвесност за своите работни места и за својата плата со која ги прехрануваат семејствата. Не е познато кога и дали ќе се вратат на работа, вели Мишрчевски.
Според него власта мора да даде одговор кој и зошто ја кочел постапката за Југохром и веднаш да помогне во изнаоѓање решение за вработените.
Порача дека СДСМ има план за решавање на проблемот со загадувањето. Во планот, меѓу другите мерки вклучена е и можноста за добивање поволни кредити за фирмите, за да можат да постават филтри и да ги почитуваат сите еколошки стандарди.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток