СДСМ: Власта донесе неуставна резолуција

Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата, велат од СДСМ во соопштението утрово.
„Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални претставници. Секој ден излегуваат нови информации и докази за оваа тема. Последно, и сам претставник на Владата, Александар Николовски потврди дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија. А граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој Договор со Британија? Што треба Македонија да прими а за возврат да добие 6 милијари евра креди? Сите знаат.“ – се вели во соопштението на СДСМ.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
