СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание
Договорот со Фронтекс што нашата држава го потпиша на официјален македонски јазик е голем успех за македонската држава и дипломатија.
Со тоа пропаднаа во вода сите лаги и хистерии што опозицијата, а пред се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ширеа овде во Собранието, но и надвор од него.
Паднаа во вода лагите дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ дека ќе се именувал како бугарски дијалект.
Поминаа повеќе од шест месеци од потпишувањето на Договорот со Фронтекс, а ВМРО-ДПММНЕ и Левица не собраа храброст да се извинат за тоа што грубо ја лажеа јавноста.
Денеска, пред нас пратениците на дневен ред е ратификацијата на Договорот со Фронтекс.
Кога веќе ја испуштија приликата да им се извинат на граѓаните за сите лаги околу македонскиот јазик и идентитет, пратениците имаат шанса денеска тоа да го сторат преку гласање ЗА ратификација на Договорот.
Со тоа барем малку од малку ќе го исперат срамот од лажните вести, навредите и клеветите кои ги пласираа овде во Собранието.
Договорот со Фронтекс е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години.
Пратеничката група на СДСМ, како и парламентарното мнозинство ќе гласаат ЗА ратификација на Договорот.
Потсетуваме дека потпишувањето на Договорот е придобивка од Европскиот предлог и заклучоците по однос на него, кои беа изгласани од парламентарното мнозинство додека опозицијата тропаше, свиреше со вувузели, се закануваше и организираше насилни протести.
Како одговорни пратеници, продолжуваме со реализација на мерките и политиките кои го забрзуваат евроинтегративниот процес и обезбедуваат европеизација на нашата држава.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата