СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ свесно во Собранието кочи важни законски решенија, на штета на граѓаните и на државата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, свесно и намерно со месеци во Собранието кочат важни законски решенија на штета на граѓаните и на државата.
Како што претходно беа против зголемување на минималната плата, против раст на пензиите, денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа парите да завршуваат кај граѓаните и во македонската економија.
Поради нивната деструктивност и неодговорност закочена е постапката за изградба на нов Клинички центар во Скопје, најважен капитален проект за македонското здравство.
ВМРО-ДПМНЕ го кочи и законот за унапредување на енергетската ефикасност, со кој детски градинки, училишта и болници треба да добијат енергетски ефикасни фасади и нови, еколошки системи за греење.
Опозициската партија е против главниот град да добие нов ефикасен и еколошки јавен транспорт, против унапредување на земјоделството и изградба на три големи откупни центри.
Граѓаните, го гледаат таквиот антинароден и антидржавен однос на опозициската партија и затоа на локалните избори им следи нов седми изборен пораз за четири години.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
