СДСМ: Време е за глас за Европа
Во македонското Собрание утре започнува расправата за предлог измените на Уставот.
Предложените уставни измени се јавно објавени и јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ.
Против предлог измените, никој, па дури и ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не се изјасни против.
Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание.
Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ.
По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ и не смееме на тој пат самите ние да си ставаме пречки, откако ги минавме сите предизвици.
Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години, туку низ јавна, аргументирана дебата во Собранието, измените на Уставот да бидат усвоени.
Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
