-->
-->
СДСМ: Започнува исплата на субвенции за тутун, дополнителни 307 милиони денари насочуваме кон тутунарите
-->
Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува.На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој.
Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.
Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите.
Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите.
Тутунарите да бидат спокојни, субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
